July 12, 2018

ЈУВЕНТУС ТРГНУВА ПО ГОДИН, ЧОЛО ВО ОЧАЈ

Јувентус е се поамбициозен на трансфер маркетот, овој пат тргнува по центарот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
Како што беше објавено од Тутоспорт,  Масимилиано Алегри се обидува да го следи неодамнешниот трансфер на Кристијано Роналдо, со појачување на тимот, а тоа би било со потпишувањето на искусниот Уругвајец, поради неизвесноста дали Јувентус ќе успее да ја задржи моменталната одбрана во своите редови. Со враќањето на Матија Калдара по заемот во Аталанта, Јувентус веќе го загуби Бенедикт Хаудес откако се врати во Шалке, додека иднината на Меди Бенатија и Даниеле Ругани не се знае, бидејќи добија понуди вредни 40 милиони фунти од Челзи.
Како резултат на тоа, Алегри се надева дека ќе го убеди Годин да го напушти шпанскиот главен град и да му се придружи на актуелниот шампион во Серија А, бидејќи се сериозен предизвик за Лигата на шампионите следната сезона.
32-годишниот фудбалер се смета за еден од најдобрите светски репрезентативци, помагајќи му на Атлетико Мадрид на титулата во Ла Лига, Копа дел Реј, две титули во Лигата на Европа и две финалиња на Лигата на шампионите по неговото доаѓање во 2010 година.
Договорот на Годин со Ванда Метрополитано истекува на крајот на следната сезона, иако како што се претпоставува по неговите неодамнешни настапи за Уругвај на Светското првенство, Диего Симеоне ќе биде очаен да го задржи дефанзивецот.

No comments:

Post a Comment