July 9, 2018

КАКО ДО ПОСАКУВАНАТА ФОРМА: РАКИТИЌ НА ДИЕТА

Иван Ракитиќ неодамна откри дека неговите тешки проблеми со стомакот имале влијание врз неговата игра. Тоа беше така се додека играчот од средниот ред на Барселона се состана со лекарите и дознал дека нетолеранцијата кон глутен е причина за неговата постојана незгода.

30-годишниот плејмејкер е од Швајцарија, но се натпреварува на меѓународно ниво  за Хрватска и игра за Барселона. Ракитиќ се шегува дека е опкружен со толку многу различни кујни, можеби е она што го предизвикал неговиот стомак да работи.

Ракитиќ ја објасни својата новооткриена исхрана без глутен во Ел Паис: "Имав малку среќа, како што се покажа во анализата дека сум бил целијак и не можев да јадам глутен, многу пати по игрите се чувствував прилично лошо, подуен и не се опоравував толку добро.
"Променив неколку работи и се чувствував многу удобно и многу добро во текот на целата сезона.
"Целосно ја сменив целата моја исхрана и почнав да работам со професиоанлни луѓе и сето тоа  ми помогна многу. Откако се сменив, се опоравувам многу подобро, полесно и мојот стомак не ми дава никакви проблеми".

No comments:

Post a Comment