Франција и Аргентина ќе се соочуваат еден со друг по 12-ти пат. Јужноамериканците кога е во прашање историјата се во водство спрема Франција, победувајќи во осум од нивните претходни 11 средби со Французите.
Аргентина оствари две победи во двете средби на Светското првенство со Франција, уште во 1930 (1-0) и 1978 (2-1). Во двете прилики, тие стигнаа до финалето кое го загубија во 1930 година и победија во 1978 година.
Последниот Јужноамерикански тим кој ја победи Франција на Светското првенство беше Аргентина во 1978 година. Од тогаш, Франција е без пораз на осум Светски куп натпревари.
Аргентина го помина минатото прво коло по 12-ти пат во последните 13 настапи на Светското првенство, каде единствениот исклучок што се случи е во 2002 година.
На нивните последни четири нокаут-игри на турнирот постигнаа само три гола.
Од воведувањето на 16-тото коло во 1986, Франција секогаш ја минуваа таа фаза(1986, 1998, 2006, 2014).
Меси никогаш не постигнал гол во нокаут фазите на Светското првенство: 666 минути, 0 гола. Тој е последен аргентинец кој постигна гол против Франција, во февруари 2009 година во пријателски натпревар (2: 0).
Лионел Меси е трет аргентински играч кој постигнал голови на три различни светски првенства заедно со Диего Марадона (1982, 1986, 1994) и Габриел Батистута (1994, 1998, 2002).
Французинот Оливие Жиру не успеа да постигне гол во последните 357 минути на Светското првенство а ова е најдолгата суша на големите турнири, со последен гол што датира од четврт-финалето на Европското првенство во 2016 против Исланд.
Предвидувања на фановите:
Аргентина според досега прикажаната игра изгледа како подпросечен тим, кој со таа игра многу тешко дека ќе ја победи франција.
Франција од друга страна не е сјајна, но мислењето е дека ќе бидат премногу добри за Аргентина. Франција изгледа како освежен тим кој се желни за игри и победи а Аргентина како стар тим со ѕвезди кој не сакаат да играат и како да се дојдени само да учествуваат.
Можни состави: