June 29, 2018

ИГУАИН ПРЕД ПОРТИТЕ НА СТЕМФОРД БРИЏ

Ѕвездата на Јуве, Гонзало Игуаин, наводно, ќе биде искушуван да му се приклучи на Челзи, односно на Маурицио Сари ова лето.

Игуаин играше во Наполи под раководство на Сари пред преминот во Јувентус во летото 2016 година, за надомест од околу 90 милиони евра. Аргентинецот се појави во 35 натпревари во Серија А минатата сезона ја затресе мрежата 16 пати и запиша шест асистенции.
Sport Italy велат дека Игуаин ќе биде под искушение да се приклучи на Челзи ова лето откако Маурицио Сари ќе го преземе кормиолото на Стемфорд Бриџ.

Се вели дека Сари ќе разговара со Алваро Мората да донесе одлука за својата иднина и во кој клуб ќе ја продолжи својата кариера, а откако Шпанецот ќе го напушти клубот да го обезбеди потписот на Аргентинецот

Јувентус ќе биде подготвен да се раздели со Игуаин ова лето и ќе ги разгледа понудите од околу 60 милиони евра.

No comments:

Post a Comment