Против Нигерија, во меч кој почнува за еден час, Игуаин и Лионел Меси ќе го предводат тимот во формација 4-4-2, со поддршка од Анхел Ди Марија и Енцо Перез како странични фудбалери.
На Аргентина и треба победа против Нигерија, но и помош од Хрватска против Исланд со најмалку реми за да го обезбедат второто место во групата и осминафинале со Франција.
Тоа што се најавуваше од хрватскиот селектор Златко Далиќ и е се оствари за вечерашниот втор меч во групата, па „коцкестите“ ќе играат со комбиниран тим, во кој сепак ќе биде Лука Модриќ и Иван Перишиќ од првотимците кои се незаменливи во составот, но затоа ќе ги нема голманот Субашиќ, дефанзивците Ловрен, Вида, Врсаљко и Стриниќ, како и Ракитиќ, Ребиќ, Манџукиќ, кои имаат жолти картони и ќе одмораат пред осминафиналниот меч.
No comments:
Post a Comment