Репрезентацијата на Аргентина и понатаму ќе биде дел од Светското првенство во Русија, откако вечерва во драматичен меч успеа да слави над Нигерија со 2-1, а во нивна полза беше и резултатот во вториот натпревар во групата на кој Хрватска со истиот резултат славеше над Исланд.
„Гаучосите“ го слават дефанзивецот на Јунајтед, Маркос Рохо кој во 86 минута им донесе погодок за победа по додавањето на Меркадо. Со ова јужноамериканците обезбедија осминафинале во кое силите ќе ги одмерат со селекцијата на Франција.
Инаку вечерашната средба во Санкт Петербург ја отвори Меси со гол во 14 минута, додека Мозес израмни на 1-1 од пенал во 51 минута.
Во Ростов пак Хрватите го добија Исланд со 2-1 и тоа со голови во вториот дел. Бадељ во 53 донесе радост за „коцкестети“, предноста која ја избриша Сигурдсон во 76 минута.
Сепак четата на Далиќ најде начин одново да погоди и да го задржи перфектниот учинок, односно за тоа се погрижи фудбалерот на Интер, Перишиќ во 90 минута.
No comments:
Post a Comment