September 30, 2018

РЕАЛИТИКО: РЕАЛ МАДРИД ПОЛЕКА ОД БЕЛ СТАНУВА СИВ” - КОЛУМНА БР. 22

Реал Мадрид. Како од кралски клуб полека паѓа во просечно сивило. И сето тоа само поради еден човек, односно двајца: лопатата Лопатеги и Перез кој го донесе. 
Еден тренер каков што Реал немал во историјата, тренер без никаква фудбалска перцепција, без никаква авторитетност, харизма, знаење, тактички вештини. Тренер БЕЗ НИШТО! Најголемото промашување што некогаш се случило во тимот од Мадрид
Заменет е еден од најдобрите фудбалери во историјата, играч-магионичар, со одлично познавање на фудбалската игра, со успеси за кои лопатата неможе ни да ги изброи а камоли да ги оствари. Под негово водство Реал 3пати по ред ја покоруваше Европа со ИГРА, а титулите дојдоа како резултат на тоа, 3 титули во ЛШ и една како помошник, заменети со апсолутно НИКАКОВ ФУДБАЛСКИ УЧИНОК, заменети од човек кој тренирал деца од 2ра и 3та лига. Најискрено дури и некои македонски предводници и селектори би биле подобри во предводење на овој Реал одколку тој.

Играчите се исти, замина најдобриот, фалат неговите голови. Но како да се надохнади разликата кога Лопатеги покрај тоа што го има најдобриот голман во свет во името на Навас, го носи непотребно Куртоа, оставајќи ја дупката од заминувањето на Роналдо празна. Денеска највеќе се виде тоа. Реал немаа никаква акција, без идејност. Лопатеги успеа од најдобриот играч во минатата година Модрич. Практично да го загуби на теренот во сивилото. 
Од Асенсио играч за кој се очекува да биде нов феномен, со лопатата, запаѓа во невидена криза мислиш станува збор за играч од Реал Мадрид Ц екипата. Форсирање на Цебаљос и Начо ги зацврстува моите резонирања дека додека го има Реал Мадрид за тренер Хулиан, нема воопшто далеку да стигне. Впрочем првиот официјален меч за трофеј беше срамен пораз токму од денешниот противник. Вечерва повторно во градското дерби извади тим без никаква мотивација и желба за надигрување и борбеност, што го красеше ова Мадрилењо дерби.

Доста беше плукање кон најголемото промашување во историјата на фудбалот, да напишам и еден краток рекапитулар на денешниот натпревар. Заврши со досадни здодевни 0-0. Неколку шанси на 2те страни неискористени од страна на Асенсио, Гризман и другите. Реал без Марсело нема никаква продорност од левата страна. Бејл беше заменет на полувреме со полуиграчот Себаљос(причината не е позната, доколку е повреда е оправдано, во спротивно кривицата е повторно кај лопатата). Конечно дебитира и Винициус, кој за срамните 3минутки што му ги дозволи тренерот, успеа со 2-3 шпринта да покаже дека може да се смета на него во иднина.
Се на се, 3ти пат по ред Реал не успева да го искористи киксот на Барселона, кои во иднина сигурно ке ги намали, а Реал повторно не успева да дојде до лидерската позиција. По срамниот пораз со Севиља, ново разочарување е ремито со Атлетико Мадрид и тоа на нашиот стадион.
Повеќе среќа во другите натпревари, и што поскоро Лопатеги да добие отказ кој го заслужува.

No comments:

Post a Comment