September 27, 2018

ЈУВЕЛИТИКО: БОЛОЊА 0: 2 ЈУВЕ КОЛУМНА БР. 21

Болоња-Јуве 0-2  

Што да кажам рутинска, издоминирана, сигурна победа во утакмица во која имаше само една екипа. Ја решија за 15 минути и иако сакаа да дадат уште, од авион се гледаше дека се чуваат за сабота со Наполи. 
Некои играчи добија шанса за настап за први пат оваа година и не разочараа. Перин немаше многу шанса да покаже што умее, а одбраната не знам ама Бонучи ми е многу по стабилен кога играат тројца во одбрана како старите добри времиња со Барза и Киело. 
Барза, Бенатиа стабилни, Ква Ква испадна неколку пати ама за оваа утакмица немаше многу многу работа.
За Кансело што да кажам мноооогу добро е детето се повеќе и повеќе се радувам што зедовме играчиште што освен десно може да игра и лево, силно се надевам дека еден ден ќе биде најак десен бек во светот. 
Матуиди учествуваше во првиот, убаво ја закова за вториот, Пјанката без грешка и рано беше заменет со Емре Џан, сепак за сабота треба да се чува “мозокот” на екипата. Бентакур пополека станува класа играч,акцијата што ја почна за вториот гол, одземената топка многу ме подсети на Маркизата кога беше звер и за мое жалење, беше уште во Јуве. 
Дибалката добар даде гол се надевам дека ќе биде се подобар и подобар. Кристијано добар асистираше за вториот дали сакаше или не не е важно. Имаше еден добар шут кога ја протна меѓу нозете на некој играч од Болоња, се надевам тоа што го извисија за најдобар играч од Фифа ќе му даде уште поголема мотивација за оваа година.

Тоа е тоа идиме на Наполи во сабота и се надевам ќе излезам во право дека ќе сме 10 од 10 во почетокот а зошто да не и 20 од 20.                     
FORZA JUVE!!!!!!!

No comments:

Post a Comment