Дојде и таква утакмица каде треба да го видиме нашиот Реал нашиот шампион колку и како се спремале ова лето. На утакмицава со секогаш незгодната Севиља се покажа она традиционалното, неможеме да играме со таа екипа на гостински терен, ма и господ да слезе на земјата да игра за нас (хехе). Лошата традиција си се продолжи кај андалузиската екипа која е трн во око можеби 10 години наназад. Среќа што и Фарса (Барселона) доживеа дебакл со неколку нивоа послаба екипа.
Да се вратиме на шампиониве кои денес ни Ш од шампиони непокажаа. Изгледа како секогаш славата и гламурот ги опијанува и како да забораваат да играат добар фудбал како на почетоков од сезонава.
Најдобриот голман според ФИФА горе долу си ја оправда улогата спасуваше колку што може ама не е октопод и да покрива се и секаде.
Одбраната чудна дури и крајно непрофесионална дали уште беа во Лондон не си ги имаа собрано наградите ама Мрзелињо и Рамис како пијани кокошки. Натрчани надиграни од брзоногите напагачи на Севиља. Од др страна неуморниот Начо и Варан пробуваа да ги поправат грешките на другарите ама залудно беше се, поправај колку можеш ама катастрофални беа грешките.
Средниот ред како да мислите им беа на др место, можеби се спремаа како да изиграат во сабота со Патетико (Атлетико). Касемиро можеби најсветла точка , човекот се труди колку може но сам не се трча против 4-5дечки од домаќините. На утакмицава Крос освен некој шут во очај ништо не направи. Најдобриот играч на денешницава, Лукита се појави во второто полувреме неколку минути покажа некоја мала минијатура, постигна гол ама ВАР го поништи можеби оправдано може не.
Нападот буквално невидливи. Миленичето на чичко Перез, Безвеза никаде не знам ни јас каде беше човекот можеби со Асенсио беа само на прошетка, на кафе муабет во Севиља. Принцезата од Велс како заспана убавица, ќе се подразбудеше на моменти ќе претчаше, а шансите што му се пружија не ги искористи. Онакви шанси и промаршувања еден на еден, па и непромислени шутеви од преку 30м само на тренинг другарче, затоа што може да не коштаат титула.
Измените пробаа да го средат нередот и сивилото на првотимците ама и тие се приклучија на другарите. Испадна дека без најдобрите во досегашните утакмици Иско диско и Карвахал, Реал е лесен залак за секој противник.
Поука како не треба да се игра утакмица со важност, но главата горе за наредниот противник Патетико, градско дерби, треба да се влезе 100% посветено и да се победи, за да им се одмаздиме за едната титула одземена на почеток од сезонава.
Поука како не треба да се игра утакмица со важност, но главата горе за наредниот противник Патетико, градско дерби, треба да се влезе 100% посветено и да се победи, за да им се одмаздиме за едната титула одземена на почеток од сезонава.
No comments:
Post a Comment