Не знам од каде да започнам. Ова беше многу чуден натпревар. Челзи до самиот крај се однесуваше како да ја има работата под контрола, но ситуацијата на терен не беше таква. Ќе започнеме од одбраната...
Минатиот пат напоменав дека ни недостига сигурност во одбраната, и дека Ливерпул ќе биде вистински тест за тоа. Но невољата дојде порано. Вест Хем имаше две 100% шанси кои не ги искористи. Повредата на Рудигер ќе направи простор за Кејхил. Но дали ќе ја подобри или влоши, за тоа ќе пресуди засега страшниот Ливерпул.
Средниот ред играше стандардно, но цела опасност доаѓаше токму од грешките на средниот ред. Мислам дека Сари треба повеќе да ротира, и да почне да му дава минутажа на Лофтус-Чик.
Проблеми во нападот. Жиру доби неколку тешки топки, што не успеја да ги искористи, немам замерка. Мората влезе во 100% шанса, успеа да го погоди противничкиот голман во глава. Не сум хејтер, ама ни фали првокласен шпиц. Мислам дека отсуството на Педро имаше клучна улога за денешниот резултат. Со Вилиан во тандем, без разлика кој кого менува, се многу важни за тимот.
Се надевам дека ова ќе биде една важна лекција, која ќе ни помогне во иднина. Наредениот натпревар го играме во среда против Ливерпул во Карабао Купот. Искрено, ме фаќа страв, ама се надевам на позитивен резултат. Одиме понатаму... KTBFFH
No comments:
Post a Comment