Арсенал – Евертон 2:0
Не толку лесен натпревар како што гласи и резултатот. Најефективниот натпревар во Англиската Премиер Лига како да го немаше оној сјај од поранешните дерби дуели кој изобилуваа со голови.
За тоа најзаслужен по којзнае кој пат беше ветеранот на голот на Арсенал Петр Чех. Со 4-5 интервенции спаси потоп на својот тим уште во првото полувреме.
Ричарлсон си играше по левата крилна позиција со Белерин како со мало дете на маалско игралиште, неколку дуели го праќаше по бурек и јогурт, го претркуваше како брзата птица итрица. Очигледно е дека веќе Белерин не е зрел да биде стартен десен бек на тим како Арсенал и дека МОРА Лихштајнер да добива поголема минутажа.
Мустафи и Сократис делуваа неколкупати панично со одредени моменти на доза на сигурност и доза на среќа што позади нив беше несовладливиот чех. Сите симпатизери на Арсенал се молат и ги бројат деновите кога Кошчиелни ке се врати во тимот и конечно лидерски ке ја зацврсти одбраната.
Конечно во средината шанса добива Тореира(после стартот во ЛЕ, старт и во ПЛ). Искрено не ја оправда којзнае колку довербата,заработи и наивен жолт картон, но пред се тоа беше поради грешниот потег на Емери, кој на сметка на можеби најдобриот играч овие месец дена на Арсенал Гвуендузи, го испрати Тореира на теренот заедно со можеби и дефинитивно најголемото ПРОМАШУВАЊЕ на трансфер пазарот на Венгер и Арсенал, швајцарецот Џака.
Ремзи најискрено не се виде цела утакмица, додека Озил е спремен и зрел за фудбалска пензија. На стара слава не се игра фудбал, посебно не во тим како Арсенал. Можеби сум доста критичен кон тимот, но ФАКТ е дека 90% од фудбалерите не би биле достојни за чистење на копачките на славните и златни арсеналовци од пред неполни 2 декади.
За нападот немам замерки, искрено изиграа тоа што од нив и се бараше. Лаказет успеа да постигне еден спектакуларен гол покрај 4-5 стандардно промашени шанси за него. Ауба и покрај крилната позиција која ја играше во текот на целата утакмица исто така успеа да се најде во листата на стрелците со гол кој го осигура триумфот на Арсенал. Голот беше искрено од офсајд позиција, која не беше досудена, исто како и пеналот за Арсенал, по играта со рака на Кејн.
Резиме за мечот е заслужени тешки 3 бода на Арсенал со кој се искачува нагоре на табелата и сега е на делба на 5тата позиција со најлутиот ривал Тотенхем. Полека но сигурно играчите треба да влагаат во подобра форма и сигурен сум дека доколку останат здрави, може да се очекува борба за позициите кои водат во Лигата на Шампионите.
No comments:
Post a Comment