Марко Асенсио го постигна својот прв меѓународен гол ја предводеше Шпанија со убедлива победа од 6-0 над Хрватска, вчера вечерта во акцијата на Лигата на Нации.
Хрватска не можеше да стори многу за да го спречи нападот на Шпанија, бидејќи финалистите на Светското Првенство, претрпеа најлош пораз во историјата.
Вториот натпреварот во Елче го одбележа првиот натпревар од Барселона со Луис Енрике, како менаџер на Шпанија, а ова е неговата втора победа откако ја презеде Црвената Фурија.
Сол Нигес, го постигна првиот гол на ноќта во 24-тата минута, со скок во задршка по далечното дијагонално нафрлување на Дани Карвахал и го совлада голманот на Хрватска Ловрен Калиниќ.
Марко Асенсио го постигна својот прв меfународен гол и додаде две асистенции во доминацијата на Шпанија со 6: 0.
Асенсио го отвори својот репрезентативен меч со спектакуларен удар од 25 метри во 32 минута. Две минути подоцна, играчот од Реал Мадрид, уште еднаш го погоди противничкиот гол, кој го потресе и го засени Калиниќ.
Родриго постигна гол откако успешно ја одвегна хрватската офсајд замка на одличната топка од Асенсио во 49 минута. Во 57.минута, капитенот на Шпанија, Серхио Рамос, го запиша својот 14-ти гол за Шпанија, и петтиот во оваа голема победа на Хрватска.
Иско го постигна 6-от и последен гол за Шпанија, со десна нога од центарот на шестнаесетникот во 70-тата минута.
Најдобриот момент на Хрватска дојде пред првиот свиреж дури и да засвири. Иван Ракитиќ доби срдечен аплауз од толпата додека фудбалерот од Барселона беше почестен од хрватските официјални претставници пред натпреварот за неговиот 100-ти настап за Хрватската репрезентација.
Шпанија сега има шест поени во УЕФА Лигата на Нации по две натпревари. Хрватска и Англија немаат поени по своите загубени натпревари од Шпанија.
No comments:
Post a Comment