Џејмс Родригез не е подготвен да се пресели во Манчестер Јунајтед, иако е желба на Зинедин Зидан за кој се поголеми се шпекулациите дека ќе биде новиот шеф на Олд Трафорд, известува Дон Балон.
Фудбалерот на Реал Мадрид моментално е на позајмица во Баерн Минхен, и ако не успее да обезбеди трансфер, може да се пресели во Англија.
Јунајтед се смета за потенцијален купувач, но интернационалецот од Колумбија нема да се пресели таму иако постои можност "Зизу" да сака да го домесе во Манчестер. Џемс смета дека баш Зидан е кривецот што неговата кариера тргна во надолна линија во Мадрид и во негово време Џемс постојано ја грееше клупата, незадоволен од постојаните ротации на Зизу.
No comments:
Post a Comment