July 27, 2018

МИЛАН ТРГНА ПО ПОТПИСОТ НА БАКОЈОКО И ИГУАИН

Управата на Милан вече ги реши сите правни проблеми на клубот и сега полека се насочува кон засилувањето на тимот и донесување на нови ѕвезди.
Веќе е направена листата на можни засилувања кои би требало да пристигнат на „Сан Сиро“, а најзвучното име секако е Гонзало Игуаин. 
„Калчомеркато“ пишува дека Милан е подготвен да ги ангажира и Тему Бакајоко кој пристигна во Челси минатото лето, но не се снајде баш најдобро во Лондон. Освен него во Милан би требало да пристигне и Диадие Самасеку кој настапува за Салцбург.
Бакајоко и Самасеку треба да претставуваат засилувања за средниот ред во кој стандардно место има само Франк Кеси кој исто така не се изнаигра минатата сезона.

No comments:

Post a Comment