Миланскиот дефанзивец Леонардо Бонучи сака да се врати во поранешниот клуб Јувентус ова лето, вели новиот спортски директор на Милан Леонардо.
Бразилецот, кој исто така играше и ги менаџираше Росонерите, беше назначен за претседател оваа недела и вели дека неколку клубови се заинтересирани за потпишувањето на Бонучи.
Тој објасни: "Имав состанок со голем број клубови, вклучувајќи го и Јувентус. Желбата (за разговор со Јуве) дојде од него, па ако условите се добри, ќе се обидеме да го направиме тоаи да му овозможиме трансфер во Јуве".
Бонучи се приклучи на Милан од Јуве минатото лето, но сака да се врати во клубот, каде што освои шест титули во Серија А и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите.
No comments:
Post a Comment