РОНАЛДО
Неговиот имењак Кристијано веќе има четири медали во лигата на шампионите, но Бразилецот Роналдо никогаш не ја освои Лигата на Шампионите и покрај тоа што играше за некои од најголемите клубови во Европа.
ПСВ, Интер, Барселона, Мадрид и Милан се меѓу поранешните тимови на напаѓачот, но човекот кој беше именуван за најдобар играч во светот во 1997 и 2002 година, никогаш не беше во можност да ја добие главната награда на европскиот клупски фудбал. Затоа сите треба да се запрашамe: Кој е вистинскиот Роналдо ?
ПЕЛЕ
Играчот кој можеби се смета за најдобар играч на сите времиња никогаш ја нема освоено оваа награда, а знаете ли зошто? Затоа што никогаш не играл во Европа !
ИБРАКАДАБРА
Поранешниот волшебник на Манчестер Јунајтед има несакано досие за за голем број на настапи во Лигата на шампионите (120) без да го подигне трофејот. Сега 36 годишен и играјќи за ЛА Галакси ќе одиме на екстремност и ќе кажеме дека го одигра своето во европскиот елитен клубски натпревар и никогаш нема да ја освои титулата.
Ибрахимовиќ тој замина од Интер една година пред Интер да ја освои во 2010 година, пред да го стори истото во Барселона следното лето, а Барса да ја освои титулата во Лигата на Шампионите. Тој, исто така, настапуваше за Ајакс, Јувентус, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
НЕДВЕД
Недвед, беше дел од тимот кој стигна до финалето на Лигата на шампионите - но Јувентус беше поразен од Милан во 2003 година.
Чешкиот играч не играше никаква улога во шоуто на Олд Трафорд, односно суспензијата од картони го спречи да игра. Тоа беше најблиску до освојувањето на турнирот.
БУФОН
Буфон е човекот што освои најмногу титули со Италија и Јувентус но никогаш не освои лига на шампиони иако трипати се нашол во финалето.
Потпишан од Парма за рекорд од 52 милиони евра во 2001 година - во евра, кој всушност е сеуште - ветеран е втор по настапи по Алесандро Дел Пјеро на листата на сите времиња на Јувентус.
Буфон исто така е на погрешен крај на три финални порази, изгуби од Милан во 2003 година, а потоа од Барселона каде каталонците излегоја победници во 2015 година. Неодамна, италијанската легенда доживеа пораз и то во 2017 година кога неговата екипа беше на погрешна страна и изгубија против Реал Мадрид. Последната надеж му е со ПСЖ каде како 40 годишен премина во галактикото на Париз и за нив ќе ја брани мрежата на голот.
МАРАДОНА
Марадона играше за Наполи во ера, каде што само еден тим од секоја лига имаше дозволен влез во Европскиот Куп, а само освои две титули во Серија А во тоа време. Тогаш, турнирот се одржа во нокаут формат, кој дозволи влез само на шампиони од секоја од 32-те членки на УЕФА. Исто така, актуелните шампиони на лигата на шампионк биле пласирани на турнирот иако не освоиле домашна титула.
Со оглед на временската рамка помеѓу 1984 и 1991 година, кога Марадона беше играч на Наполи, Марадона двапати го освои Скудетото. Првиот во 1986-87, а вториот во 1989-90. Што значеше тие се квалификуваа за Европскиот Куп (или Лигата на Шампионите денес) два пати: во сезоната 1987-88 и во сезоната 1990-1991.
Во 1987-88 година, Наполи беа извлечени против шпанскиот шампион Реал Мадрид во првата нокаут-рунда и загубија 3-1.. Марадона играше цели 90 минути, но не успеа да ја инспирира неговата желба за фудбал против многу поуспешниот Реал Мадрид, кој и покрај тоа што ја играше дома зад затворени врати, победи со 2-0.
Во 1990-91 година, Марадона - свеж од освојувањето на Купот на УЕФА претходната сезона - ја инспирираше неговата желба за победа до втората нокаут-рунда, покрај тоа што постигна пенал изгубија против Спартак Москва на Олег Романчев.
No comments:
Post a Comment