August 22, 2018

БАЕРН НЕ ЗАСТАНА ЗАД МЕНЕ КОГА БЕВ МЕТА НА СИТЕ

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, објасни дека сакал да ја напушти Германија, бидејќи минатата сезона кога бил цел на напади баварскиот клуб не застанал во негова одбрана. 
Во меѓувреме неколку големи европски клубови беа заинтересирани за полскиот репрезентативец, но раководството на Баерн не дозволи негов трансфер, иако пристигнуваа и понуди вредни и по 150 милиони евра. 

– Во април и во мај кога сите ме нападнаа, не почувствував заштита од клубот. Бев оставен сам. Не успеав да постигнам гол на еден или два значајни натпревари и веднаш станав мета за сите. 

Во овој период навистина не се чувствував пријатно во Минхен, истакна Левандовски во интервју за „Билд“. Според полскиот фудбалер атмосферата во клубот се подобрила со доаѓањето на новиот тренер Нико Ковач. 


– Тој објасни што очекува од мене и од екипата. Чув многу убави нешта и по тој разговор одлучив дека ќе останам и ќе играм за Баерн. Веќе не размислувам за трансфер, наведе Левандовски. Полскиот фудбалер во Баерн дојде пред четири години како слободен играч, а досега има настапено на 197 натпревари и има постигнато 155 голови.


No comments:

Post a Comment