Португалeцот Фабио Коентрао кој игра како лев бек и се уште е под договор со Реал Мадрид, исчезна одмсоцијалните мрежи, а и никој од „кралскиот“ клуб не знае каде се наоѓа. Поради тоа „АС“ распиша „потерница“ по него.
30-годишниот дефанзивец кој своевремено играше и прва постава за Реал минатата сезона беше на позајмица во Спортинг Лисабон, а сега нема ни трага, ни глас од него по финалето од Купот против Авес.
Коентрао престана да тренире и се нема појавено во тренинг центарот Валдебебас, нема објавено никаков пост на социјалните мрежи неколку месеци, а со оглед на тоа што не е заинтересиран да си пронајде нов клуб, угледниот мадридски „АС“ сега отвори „потерница“ по Фабио.
Таа гласи:
„Се бара следниот човек. Одговара на името Фабио Александре да Силва Конетрао, има 30 години, висок е 1 метар и 78 сантиметри и има околу 70 килограми. Последен пат е виден на фудбалски терен на 20 мај во Оеирас, денот кога загуби со Спортинг во финалето на Купот од Авес… Ова лето никој го нема видено во Валдебебас, има уште една година од договорот со Реал Мадрид според кој треба да заработи уште 4 милиони евра. Дури и во Португалија немаат никакви вести за него“, објавува шпанскиот весник.
No comments:
Post a Comment