August 18, 2018

СЕРИЈА А ЗАПОЧНУВА, КОИ СЕ ТОП 5ТЕ ТИМОВИ КОИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА

Денес, во 18:00 часот, започнува новата сезона во Серија А. Се очекува повторно да стане најсилната лига во светот, особено по новите невозможни засилувања кои ни на крај некој би рекол дека би можеле да се случат.
Сезоната започнува на најинтересен можен начин со натпревар помеѓу Киево и шампионот Јувентус. Сите сакаат да ја видат новата ѕвезда Роналдо. И ова ќе се случи вечерва на натпреварот помеѓу "Летечките магариња" и Старата Дама на стадионот Маконтонио Бенедиктини. И покрај освојувањето на седумте последователни титули во Италија, Јуве останува голем фаворит и во оваа.
Играчите на "Старата дама" и покрај титулите во Италија не се преполни со успех и не сакаат да се забават. Покрај тоа, со новите дополнувања, а особено со доаѓањето на Кристијано Роналдо, тимот изгледа уште помоќен во споредба со претходните години. Многу е веројатно дека Јувентуе ќе се концентрира повеќе во Лигата на шампионите, титула која продолжува  да се лизгааа од нивните раце, но тоа едвај ќе се одрази на перформансите на тимот на домашната сцена. Сепак, кандидатите да го симнат Јуве од тронот не се потценувачки. Речиси сите топ тимови беа многу активни на трансфер пазарот и покажаа дека нема да се помират само така со доминацијата на "бјанконерите" и ќе направат се што е можно да се запре походот кон уште едно Скудето.
Во последниве години, најблискиот конкурент на Јуве беше Наполи. Тимот сигурно ќе се обиде повторно во текот на оваа кампања. Не е јасно, меѓутоа како ќе се одрази на неаполитанците тренерска смена на Маурицио Сари со Карло Анчелоти. Во секој случај, ќе видиме некои промени во стилот на игра, но тоа ќе биде добро или лошо за сезоната. 
Постои зголемена амбиција за титулата од Интер. Минатата сезона, "Нераѕурите" почнаа многу силно и долго време беа на врвот на ранг-листата, но потоа се распаднаа и завршија само на 4-та позиција. Сега тимот успеа да го задржи својот рбет од играчи, а во исто време привлече добри регрути како Шим Вршајко, Др Вриј, Нинголан, Асамоа и Лаутаро Мартинез, кои се очекува да донесат поголем квалитет и можност за ротации во составотп, кои овој пат ќе можат да ја издржат целата кампања со добра брзина.
Рома е уште еден голем кандидат за Скудето. Волците имаат изградено цврст тим во последниве години, но тие отсекогаш била мала конкуренција на Јувентус. Некои промени беа направени ова лето на Олимпико, најголемата беше распадот на односот со голманот Алисон Бекер, кој се пресели во Левирпул. Друга важна фигура што ја остави е играчот Раја Наинголан, кој беше срцето на средниот ред на Волците. Сепак, во исто време, фудбалерите со висок квалитет, како што се Хавиер Пасторе, Џастин Клајверт, Брајан Кристанте и Робин Олсен, ќе мора да ги потполнат празнините што останаа.
Не треба да поминеме лесно со тимот на Милан. Иако во последните години тимот да е во сериозна криза, "росонерите" остануваат еден од гиганти на италијанскиот фудбал, кој е време да се возгордеа од пепелта. Сан Сиро работи напорно во оваа насока, а ова лето се направени нови инвестиции за да се зајакне составот. Повторно најимпресивните беше договорот со Јувентус, како "бјанконерите" си вратија Леонардо Бонучи, но пак во Милано пристигне Гонзало Игуаин и Матија Калдара. Во меѓувреме "росонерите" се засилија и на други невралгични позиции и се очекува во новата кампања избраниците на Џенаро Гатузо да изгледаат доста подобро и да напаѓаат првите места.
Во Серија А, сепак, има и други интересни тимови како Лацио, Фиорентина, Торино, Аталанта и Сасуоло, кои сериозно може да ги збунат фаворитите. Парма, која се врати во италијанската елита по банкрот во 2015 година и мораше да започне во четвртата дивизија, но само три години и требаа повторно да ги гледаме во Сеија А.

No comments:

Post a Comment