August 12, 2018

КЛОП ОДБИ ДА БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА ГЕРМАНИЈА!

Менаџерот на Ливерпул и германецот по националност Јирген Клоп беше запрашан дали тој некогаш ќе ја превземе како шеф фудбалската репрезентација на Германија, еве го неговиот одговор:

"Ако ме прашаат еден ден и сум на располагање, тогаш ќе размислувам за тоа", рече Клоп во интервју за Велт ам Сонтаг. Големото разочарување на Германија на Светското првенство 2018 ги остави сите да се доведат во прашање кој треба да ја води нацијата напред, но Клоп се дистанцираше засега.

"Но, дали размислувам за тоа сега, во мојата моментална ситуација кога сум поврзан со Ливерпул следните четири години и затоа што Германија одигра катастрофално лошо светско првенство? Не. Не сум на располагање".

No comments:

Post a Comment