Извештаи од Англија тврдат дека бразилската легенда Роналдо Луис Назарио де Лима со брза помош итно е пренесен во болницата во Ибица.
"Пензионираниот Роналдо, наводно, е на интензивна нега во болница во Ибица, откако бил примен со пневмонија"."На 41-годишниот Бразилец се вели дека му била дијагностицирана болеста, откако пристигнал во болницата Can Misses на островот во петокот вечер".
Пневмонијата, иако не секогаш е смртоносна, може да биде опасна, особено за оние кои имаат основни здравствени проблеми. Локалниот весник на Ибица изјави дека тој сѐ уште е на интензивна нега, но тој постигнал добар напредок.
No comments:
Post a Comment