Најдобар стрелец: Еден од најлесните избори за сите. Џејми Варди постигна 20 голови во лигата минатата сезона и ќе му се даде шанса и во оваа сезона да го повтори истото.
Клучен човек: По неверојатно лето со Англија, сите очи ќе бидат на Хери Мегваер. Клод Пјуел е прилично одбрамбено ориентиран и има тенденција да изигра што повеќе натпревари без примен гол.
Најголема слабост: Неизвесноста по заминувањето на Ријад Махрес е нешто што Лестер ќе мора брзо да го реши. Тие регрутираа играчи добро во текот на летото, но ниеден играч не е на нивото Махрез. Дали Џејмс Медисон е новата фокусна точка? Дали Демареи Греј ќе ја превзеде иницијативата во свои раце? Дали Адријан Силва е аклиматизиран и подготвен?
Млада ѕвезда: Купен не толку евтино, Џејмс Медисон изгледа очигледниот план А во менувањето на фокусот на овој тим во 2018-19. Тој беше брилијантен за Норвич Сити како бр. 10; сега, може да зачекори и да ја произведе истата магија во Премиер Лигата.
No comments:
Post a Comment