Челзи достави незамислива понуда за дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, но италијанскиот клуб ги отфрли сите можни трансфери за играчот, според агентот на играчот Давид Торчиа.
Ругани беше еден од играчите што го таргетираја сините низ целиот трансфер прозорец, особено откако Маурицио Сари беше назначен за нов менаџер.
Агентот на играчот, Торчиа потврди дека италијанските шампиони ги отфрлија сите пристапи за трансфер на играчот, особено откако Матија Калдара се пресели во Милан, и покрај тоа што Челзи направи незамислива понуда, за која се зборува дека е околу 60 милипни евра.
"Јувентус нема желба да го продаде, дури ни со висока цена која, меѓу другото, никој во Италија не можеше да си дозволи да го купи", изјави Торчиа за РМЦ Спорт, според Goal.com.
No comments:
Post a Comment