Најдобар стрелец: Кој друг, освен Мохамед Салах? Малкумина ќе очекуваат дека ќе го достигне нивото од минатата сезона, каде што постигна зачудувачки 32 гола, но тој ќе биде опслужен со многу повеќе можности за голови од минатата сезона, така што има шанси да го сруши ланскиот личен рекорд.
Клучен човек: квалитетот и значењето на Салах е несомнено, но Роберто Фирмино е човекот кој го поврзува нападот на Јурген Клоп. Неговите умни движења ќе им овозможат на соиграчите да се движат послободно, имајќи повеќе простор за игра.
Најголема слабост: Веројатно ќе претставува евентуална повреда на Вирџил ван Дијк, со оглед на тоа дека има просечен партнер во последната линија на одбраната и целиот дефанзивен товар ќе биде на негов грб.
Млада ѕвезда: Со Бен Вудбрн испратен на позајмица во Шефилд Јунајтед, Кертис Џонс е дипломиран во младиот тим на Ливерпул и ќе добива по неколку минути на секој натпревар.Тој изгледа како вистински талент.
No comments:
Post a Comment