August 7, 2018

БАРСЕЛОНА ВЕЌЕ СЕ ДОГОВОРИ СО ЛИЧНИТЕ УСЛОВИ СО ПОГБА, МАНЧЕСТЕР ГИ БАРА РАКИТИЌ И ДЕМБЕЛЕ ЗА ВОЗВРАТ

Шпанскиот шампион Барселона се усогласи за личните услови со Пол Погба, односно извештаите во Италија тврдат дека шампионите од Ла Лига ја засилиле потрагата по играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед.
“Dailly Mirror" тврди дека Погба се согласи со петгодишен договор вреден 100 милиони фунти со Барселона.
Иакo Премиер Лигата почнува многу порано, Барселона ќе има рок до крајот на месецот да го потпише Погба.
Според извештајот на “Mirror” кој го цитираше “Mundo Deportivo” од Барселона, каталонските џинови, исто така, можат да ги понудат двајцата одлични играчи Осман Дембеле и Иван Ракитиќ во Манчестер Јунајтед, како дел од договорот за Пол Погба, а тоа е што Манчестер најмногу го сака.
Иако Барса не сакаат да продадат ниту еден играч, тие се очајни да го потпишат Погба. Сепак, убедувањето на Дембеле и Ракитиќ да заминат би можело да се покаже како сосема нова авантура за нив, која може да тргне наопаку.

No comments:

Post a Comment