Во Јуве се вљубив 1996 после финалето со Ајакс, кога последен пат станавме шампиони во Лигата на Шампионите. Од тогаш до денес многу играчи играа за Јуве, а овие се моите 10 омилени јувентини:
10.Алесандро Бириндели - многумина би се зачудиле зашто го има на листата, ама тој си е во моите топ 10. Војник, 11 години играше за Јуве, почесто влегуваше како резерва, остана кога беше најтешко после фарсополи. Се сеќавам полуфиналето со Реал 2003, кога доби шанса да го пази Луис Фиго и одлично се справи со задачата. Автор на за мене еден од најаките голови за Јуве, со Ла Коруња во шампионската.
9.Алесио Такинарди - беше карпа во средината, имаше доста добар силен удар од далечина, освои буквално се што може да се освои со Јуве. П.с.уште се сеќавам на еден негов гол во Лигата на шампионите со Панатинаикос кога од 30 метри ја тупна пречката топката го удри грбот на голманот и топката влезе во голот.
8.Џорџо Киелини - новиот капитен, човек што оди со главата, таму кај што другите со нога не одат, не знам колку утакмици ги завршил чалмосан, крвосан. Се сеќавам на битката на “носовите” со Ибра што ја имаа на времето.
7.Павел Недвед или Павел Невред како што ја си го викав, легенда мислам можеше да трча десет утакмици по ред без да сопре. Последен Јувентино со златна топка(Канаваро не го сметам по што избега во Реал) супер силен шут како со лева така и со десна.
6.Клаудио Маркизио - јувентинец од мали нозе, се уште мислам дека немаше потреба да го пуштат да си оди. Кога подпишуваше нови договори го исклучуваше менаџерот, без претенции за плата, принц 7 години шампион, малку и повредата го ограничи иначе мислам дека уште ќе си беше дома.Голот со мердите си е чиста класика
No comments:
Post a Comment