Јувентус-Лацио 2-0.
Прв меч на Јуве дома оваа година и заслужена победа.Лацио пробуваа ама не ми оставија некаков впечаток, макар да ми се симпатична екипа, ама утакмицава ми беа некако како “безопасна игла”.
Шчесни беше солиден и немаше многу возможности да се покажи, Бонучи и Киело стабилни макар да секогаш кога Џорџо сака да додава или да направи нешто со топка, ми трепери срцето ич не ми е сигурен. Алекс Сандро оваа утакмица за разлика од првата се посвети повеќе на одбраната а Кансело си е моторче, многу е опасен во напад најзаслужен за голот на Манџата.
Средина, Кедира не беше Ќедира, а Пјанич на почеток неколку пати направи грешни додавања ама на крај до замената даде гол и ја контролираше средината на Јуве.
Матуиди сега веќе светски првак беше одличен во одбранбените задачи што ги има, ама во напад некогаш те остава без зборови.
Бернадески “нашиот”(нели презимево му е на ски од Охрид или Кичево ќе да е детето) беше добар заслужен за првиот гол, засега покажува дека тој треба да стартува место Ква Ква.
Кристијано гори од желба да го даде првиот гол за Јуве, имаше неколку добри шутеви, за малку ќе го дадеше вториот и на некој начин асистираше за голот на Манджата.
Манџата си е за мене МOTM го имаше насекаде, даде гол сепак е најсилниот напаѓач во светот ама во ОДБРАНА.
Ако ФИФА дава награда за најдобар напаѓач во одбрана сигурно во последниве 4 години победник ќе беше Манџата.
Замените Даглас Коста,Емре и Бента немаа многу време за докажување на оваа утакмица, а Дибалката одмараше.
Во секој случај 3 поени без примен гол и продолжуваме,имам некој предосеќај дека првите 10 кола ќе сме 10 од 10. Одиме на Парма, FORZA JUVE!!!!!
No comments:
Post a Comment