August 27, 2018

МАНЧЕСТЕРИТИКО - ЃАВОЛИТИКО(КОЛУМНА 8)

Манчестер- Јунајтед Тотехем 0:3
Многу мал број од играчите на Јунајтед потсетуваат или наликуваат на старата добра шампионска постава предводена од големиот Сер Фергусон, а најмалку нашиот сегашен менаџер. Ах Хозе Хозе. Во секој тим ја применува неговата очајна, досадна и патетична тактика (паркирање на автобусот).
Да почнеме од нападот. Имаме еден класичен шпиц, на кого му се потребни повеќе од еден празен гол за да реализира. Не знам кој направи почоша зделка ние или Челзи со Мората. Навистина не знам. Очајно.
Средниот ред. Во денешната чудесна формација на Мурињо немаше крила. Со влегувањето на Санчес, требаше да се смени сето тоа, но тој се претвори во потпроесечен играч во моментот кога пристигна на Олд Трафорд. Рашфорд не добива шанса од непозната причина, а Мата и Мартиал воопшто не беа во тимот. Погба беше светски шампион на една позиција, а во нашиот јунајтед добива наредба да се брани од Брајтон и што е уште пожално да не успее во тоа. Матиќ крајно нефокусиран а "џокерот" Фелаини нема што да бара на 0:2!
Одбрната. Нема место за единствената светла точка Андреас- никој не знае зошто. Повторно Смолинг и Џонс. Изгледаа како желки покрај брзиот Моура. Лук Шо најдобар дефанзивен офанзивец на натпреваров. И колку да се знае воопшто не гледам вина во Де геа, го жалам повеќе.
За крај... Кога го гледам Манчестер под водство на Мурињо, гледам просечна екипа која треба да се натпреварува во чампионшип. Не го гледам оној Јунајтед на Ферги, Јунајтед кој беше (сеуште е) еден од најтрофејните клубови во Европа, онај Јунајтед што газеше се пред себе и никогаш не се бранеше. 
Решението е едноставно. Мурињо OUT! Потребен ни е нов стратег, да не потсети на старите добри денови. ГГМУ

No comments:

Post a Comment