September 2, 2018

АРСЕНАЛИТИКО - КОЛУМНА БР. 12

Арсенал,
Што да се каже за екипата која веќе една деценија е бледа сенка на славните денови. Смената на Венгер е тема број еден во тимот, новата ера штотуку започна па оставаме времето да покаже каков резултат ке има Унаи Емери. Костурот на тимот не е променет, сите важни играчи се сеуште во северен Лондон, со надеж дека конечно ке догураат до битка за тронот. 
Првите два натпревара не ветуваат такво достигнување и сезонава. Надиграни, немоќни и летаргични на стартот со моментално најакиот тим во лигата Ман. Сити, а едно храбро и расположено полувреме кое не беше доволно за успех против плавите од Лондон, додека во второто Челзи успеа да ја заврши работата и да ги добие потребните 3 бода. 
Конечно поени се освоија против тимовите на Вест Хем  и на Кардиф, два тима кој моментално се на дното на Премиер Лигата. Арсенал не покажа којзнае што во двата триумфа и успеа практично на мускули да ги добие послабите противници, Вест Хем поубедливо со 3-1 на Емирати, а новиот премиерлигаш Кардиф со потешкотии и резултат 2-3 со головите на Мустафи, Аубамејанг и Лаказет
Последниот двоец беше најавуван како убиствен напаѓачки тандем, но сеуште не нема убедено во тоа. Аубамејанг ја бара формата од Борусија Дортмунд каде беше најдобар играч и стрелец, додека Лаказет подолг период е вон форма што говори и фактот дека потребно е голем број на креирани шанси за да постигне погодок. Резервисти за двата напаѓача Емери практично и да нема, со што се намалува конкуренцијата и мотивацијата за напорна работа на тренинзите и докажување на утакмиците. 
Трансферот на младиот Гуенгжуи е можеби полн погодок, бидејќи во 4те натпревари играчот покажа голема желба и умешност во играта во средниот ред, практично го држеше цел тим во дефанзива и повлекуваше во нападот, нешто за коешто треба да добие помош од Џака, но очигледно е дека Швајцарецот не е калибар за екипата на Арсенал. Подарување на непотребни слободни удари, безпотребни фаули, губење на топките во круцијални делови од теренот како и немањето доволна техника, визија, силина во дуелите(освен што располага со јак шут) несвојствено е за екипа од рангот на Арсенал која се стреми да заврши на позиција која води во најелитното европско натпреварување да се потпира на играта на играчи од рангот на Џака. 
Рамзи и Озил остануваат главните во средината, доколку и двајцата имаат свој ден, екипата е спремна да игра офанзивен фудбал со креирање на многубројни шанси и голови. Додека во последно време Озил делува отсутно од терените, критикуван од страна на германската јавност за неуспехот на Светското првенство(рака на срце не играше сам и не е само он виновен за неуспехот) од сенка шанса гледа и новото засилување Тореира (кој влага од клупата за резерви) како и Ивоби заедно со Меитланд Најлс. 
Одбраната е предводена од ветеранот Чех, кој рака на срце во првите 3 утакмици доволно го спаси Арсенал за да немаше можеби и поголема негативна гол разлика. Свежина во одбраната е гркот Пападопоулос и Лихштајнер. Сократис успева да се наметне во стартниот тим, пред се поради повредата на Косчиелни додека Лихштајнер ке ја чека стрпливо својата шанса. Белерин не е повеќе брилијантен во нападот и во одбраната како предходните 2-3 сезони кога беше на мета на Барселона, па шансата за екс играчот на Јувентус, може да дојде и поскоро. Левата бековска позиција е резервирана за стандардниот Монреал, играч кој не отскокнува од своите перформанси и константно е во коректно издание.
Се на се, потребно ке биде Емери многу да се потруди да го изнајде максимумот од овие играчи и да успее да го врати Арсенал во Лигата на Шампионите. Таквиот резултат ке биде многу отежнат со оглед на тоа што конкуренцијата во Премиер Лигата е појака од година во година.

No comments:

Post a Comment