September 3, 2018

ХЕРЕРА ПОДГОТВЕН ДА ГО НАПУШТИ ЈУНАЈТЕД ВО ЈАНУАРИ

Шпанецот сака да ги слушне заинтересираните клубови и да направи трансфер во некој од нив во Јануарскиот преоден рок.
Андер Херера е подготвен да ги послуша понудите и да го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот трансфер рок откако клубот ја одложи понудата за негов нов договор, според “Metro”.
Шпанецот претходно беше јасeн дека сака да остане на Олд Трафорд, но беше разочаран од неактивноста од Црвените Ѓаволи во врска со него.
Како таков, играчот од средниот ред е подготвен да ги слушне заинтересираните страни за трансфер во Театарот на соништата и тоа во новата година.

No comments:

Post a Comment