5.Антонио Конте - сите го знаеме тренерот Конте, кој е еден од најзаслужните(ако не и најзаслужен) за воскреснувањето на Јуве, после “фарсополи” и неколку темни години после тоа, ама “постарите” го знаеме играчот Конте, Јувентино и пол, капитениште има освоено се со Јуве, во неговите 13 години како играч. Интересно како мал сите сакаа од Зизу, Дел Пиеро да имаат дресови но не и јас, јас сакав од Конте да имам. Малку фалеше да ја донеси третата во финалето со Милан, ама пречката....
4.Алесандро Дел Пиеро - нема што да кажам за него што повеќето луѓе не го знаат. Пинтуричио си е легенда, шампион сигурен сум дека на повеќето фанови тој е омилениот Јувентино. За мене пред повредата 1998 која беше донекаде катастрофална, беше во најаките тројца фудбалери во светот, ако не и најак. Имаше се брзина, дриблинг, техника и пол. Уште се сеќавам на она контроверзно дерби со Интер на Роналдо, кога победивме 1-0, а голот што го даде и Зизу не можеше да поверува од каде ја извади. Како капитен не го напушти бродот кога тонеше и како светски првак остана во втора лига, со еден збор ЦАР!!!!
3.Џиџи Буфон - најакиот голман во историјата, светски првак, Лигата на Шампионите си остана слаба точка. Многу ми е чудно да го гледам во ПСЖ. Интересно е дека се изменија 100 генерации голмани Ван дер Сар, Чех,Касилјас, Нојер... ама Џиџи си беше и си остана во врвот. Една негова интервенција со Милан на финалето на Лигата на Шампионите кога Инзаги со глава шутираше од 2-3 метри, а Џиџи ја фати и сигурен сум дека Инзаги до ден денешен не може да поверува на рефлексот што го извади тогаш нашиот. GOAT меѓу голманите!!!!
2.Зинедин Зидан - од сите горенаведени најмалку време помина во Јуве, ама мене ми беше омилен играч додека играше за Јуве. За мене си е најакиот фудбалер во историјата, техника и пол не толку брз ама ела земи му ја топката. Највеќе го памтам голот со Ајакс во шампионската.
1.Давид Трезеге - Трезегол ја пополни дупката која ја направи Зидан, кога замина во Реал. Беспрекорен во играта со глава, шут и со лева и со десна, немаше некој дриблинг ама топката си го сакаше, го нема цела утакмица и бум ГОЛ. Светски, европски првак, калчо првак, првак со Монако. Интересно е дека голот што го даде во лигата на шампионите против Манчестер Утд кога играше за Монако, во четвртфиналето шутот со кој ја испрати топката кога даде гол тогаш беше најсилниот, а уште мислам дека до ден денешен е топ 3. Најдобар странски стрелец во историјата на Јуве и со Дел Пиеро одлично се надополнуваа во нападот.
Откако си замина од Јуве, се изнаредија многу напаѓачи Вучиниќ, Тевез, Матри, Кваглиарела, Мората, Игуаин... и тврдам дека уште не сме нашле напаѓачиште какво што беше тој. Дел од големата петорка што останаа кога беше најтешко Буфон, Дел Пиеро, Недвед и Каморанези за кој немаше место во моите топ 10 иначе и тој ми е еден од најомилените јувентини.
No comments:
Post a Comment