Парма-Јуве 1-2.
Намерно чекав да видам што ќе направат другите противници до крајот на колото и што да кажам....Абсолутно мислам дека немаме конкуренција оваа година како и изминатите 7.
Наполи се симпатична екипа ама не купија ниту еден играч, Милан купија и Рома исто ама не се дораснати уште а за “сфинктерите” (знаете за кои станува збор се надевам) чекаат ново фарсополи за да направат нешто, макар да мислам на претходното не беа многу многу почисти од нас. Поодвратна екипа немало ниту ќе има, макар да во шампионската ќе навивам за нив(сепак треба да се одржува рејтингот на Италијанците).
Сега за утакмицата немам што да кажувам многу. Одбраната беше несигурна неколку пати особено на крајот на првото полувреме кога играчот на Парма шутираше а Шчесни беше добро поставен, иначе на 1-2 за Парма второто ќе беше главоболка за нас.
Ква ква си беше несигурен цела утакмица, како и Ќедира а Пјанката немаше грешен пас цела утакмица.
Бернадески на некоја нова позиција, а Алегри прави некакви тестови уиграва нешто што само тој си знае ама донекаде го разбирам со конкуренцијата што ја имаме во калчото.
Матуиди како светски шампион а Роналдо уште чека и чека....
Дибалката мислам дека е време да се врати во прв состав.
Алегри се надевам дека ќе измисли некаква формација во која ќе мачкаме уште повеќе макар да со овие противници што ги имаме во калчото не треба многу.
Манџата пак MOTM за мене и тоа е се народе. Наредно коло го чекаме Сасауло и сигурна победа се повеќе и повеќе мислам дека ќе сме 30 поени првите 10 кола.
Останува да видиме FORZA JUVE!!!
No comments:
Post a Comment