Шокантно за Аргентинскиот Фудбалер и за пошироката јавност. Дали ова е причината за слабите резултати на Аргентинската Репрезентација:
⚽ Голови За Јувентус: 26
⏰ Минутажа за Аргентина: 22
Многу шпекулации кружеа околу Дибала и Лионел Меси пред почетокот на ова првенство. Како што се приближуваше Светското првенство во 2018 година - потенцијално последното светско на Меси - луѓето почнаа да се прашуваат кој ќе го заземе неговото место во Аргентина. Дибала чија игра има многу слични карактеристики како и најголемиот светски фудбалер, беше претставен како природен наследник, особено откако тој постигна голови 12 пати во првите осум натпреварувачки натпревари во сезоната 2017-18.
Дибала не беше толку конзистентен во текот на целата година, но сепак постигна 26 гола и оствари пет асистенции во сите натпреварувања. Тоа доведе до негово вклучување во тимот на Аргентина за Светското првенство, но тој беше на теренот само 22 минути и тоа само во групната фаза влегувајќи од клупата како замена во понижувачкиот натпревар кој го загубија со 3-0 со тимот на Хрватска.
Да, Меси е Меси, но способноста на Дибала да направи разлика на теренот е тоа што се бара, и поради тоа требаше да добие многу поголема минутажа. Зошто не беше на теренот? Одговорот лежи во лошиот однос со Сампоали. Многу шпекулации вртат по изјавата на Сампоали дека и по ова светско првенство ќе продолжи да биде селектор на Аргентина, ова првенство ќе биде и последното на Дибала.
Многу често се поставува прашањето дали Дибала и Меси не можат да коегзистираат на теренот заедно - дека се "премногу слични". Се шпекулира дека Барселона минатото лето го посакувале како замена за Нејмар, но некомпатибилноста со Меси е тоа што Барса се откажала од неговиот потпис. Меси самиот ја призна сличноста во неговата игра со таа од Дибала, во своите натпревари во март.
No comments:
Post a Comment