Извештаите од реномирани весници во Италија тврдат дека откако Мендес го овозможи трансферот на бранителот на Валенсија, Жоао Канчело, во шампионите од Серија А, трасиран е патот за сензационален потег за преселба талисман на Реал Мадрид Кристијано Роналдо во Јувентус.
Тотоспорт тврди дека ѕвездата на Реал Мадрид бара нов предизвик по девет години минати во шпанската престолнина и освојувајќи го секој трофеј што беше можно да се освои.
Роналдо, наводно, одбил нов договор да остани на Бернабеу со што неговата огромна клаузула за откуп од 886 милиони фунти беше намалена на 106m.
Шансите за преселба во Јуве се големи бидејќи неговиот агент Хорхе Мендес заврши со децениската одмазда со челниците на Јуве.
Менаџерот работеше на договорот за враќање на Жоао Канчело во Торино од Валенсија неодамна откако дефанзивецот помина една година на заем во Интер.
После оваа соработка по спуштање на секирите и на управата и на агентот, италијанските гиганти сега ја разгледуваат можноста за преземање на Роналдо во Серија А.
No comments:
Post a Comment