July 3, 2018

ЛЕВ КЕ ЈА ВОДИ ГЕРМАНИЈА И НА НАРЕДНОТО СВЕТСКО ВО КАТАР!

И покрај ова шокантно излегување од групната фаза од Светското првенство во Русија ова лето, менаџерот Јоахим Лев ќе остане со "Ди Маншафт" преку Светското првенство во 2022 година во Катар.

Лев веќе го продолжи договорот со Германија пред почетокот на Светското првенство во Русија, па дури и со нивните ужасни перформанси, му беше дадена целосна доверба од претседателот на ДФБ.

Конечната одлуката да остане со тимотбеше до самиот Јоаким и даде орален договор за тоа, како што беше објавено од Sky Sports, SportBild и Bild.

No comments:

Post a Comment