По бруталната загуба на Шпанија вo натпреварот против Русија, легендарниот играч од средниот ред Андрес Иниеста објави дека повеќе нема да игра за Шпанската репрезентација.
"Реалноста е дека ова е мојот последен натпревар со селекцијата".
Тажен ден за легендата и за неговите фанови.
На прашањето за влијанието на отпуштањето на менаџерот Лопетеги на ден пред почетокот на турнирот, Иниеста ја отфрли идејата. "Би било опортунистички да се зборува за прекинувањето на соработката на репрезентацијата со Лопетеги".
Шпанија влезе во натпреварот како голем фаворит со тоа што Русија е најниска рангирана земја на ФИФА која доаѓа на турнирот. Потегот на Иниеста е малку изненадување, бидејќи неодамна ја напушти Барселона и му се придружи на Висел Коби.
No comments:
Post a Comment