July 2, 2018

РАМОС: НА НАРЕДНОТО СВЕТСКО ЌЕ ИГРАМ АКО ТРЕБА И СО ОБЕЛЕНА КОСА И БРАДА!

Се случи чудо.. На светското првенство 2018 од страна на Русија, беше поразена Шпанија.

Серхио Рамос после поразот изјави дека ќе го игра и следното Светско првенство во 2022 година, дури и на 36-годишна возраст и со "бела брада". 

“Не сакам многу промени", рече Рамос. "Ова не е крај на Шпанската фудбалска голгота. Пике и Иниеста се играчи кои се многу важни, но Шпанија е Шпанија и други млади фудбалери лесно ќе го завземат нивното место, а во меѓувреме ќе произлезат и нови одлични фудбалери - додаде тој. 

Овој тим има многу добар младински систем, играчи со многу личност. Би сакал да продолжам уште многу години. Го напуштам ова Светско првенство со ужасна болка. Се чувствувам должен да стигнам до Катар со бела брада ", рече Рамос за ESFNFC во мешаната зона на стадионот Лужники.

Рамос, исто така, го поддржа тренерот Фернандо Јеро кој се очекува да добие отказ.

"Ние сме горди на тренерот", рече тој. "Дојде во деликатен момент, и ние треба да бидеме благодарни што тој имаше храброст да го преземе кормилото на Шпанија. Тој направи многу за нас, и покрај резултатите ", смета Рамос." Отсекогаш мислев дека во фудбалот тренерите треба да бидат поранешни играчи. Во таа смисла бевме многу задоволни од Фернандо. Не зависи од нас, но ние нема да му пречиме ако Јеро ако не продолжи со Шпанската репрезентација. Како капитен, јас само сакам тоа што е најдобро за шпанскиот фудбал ", додаде тој.
Андрес Иниеста (34) и Жерар Пике (31), кои освоија го Светско првенство заедно со Рамос во 2010 година, веќе потврдија дека ја напуштаат националната постава по третото директно разочарување на меѓународниот турнир. 


No comments:

Post a Comment