Манчестер Јунајтед, наводно, се согласи со личните барања на Алекс Сандро за потенцијален трансфер, но сепак треба да го убеди Јувентус да го продаде.
Црвените Ѓаволи се по потрага на нов лев бек и Сандро се покажа дека е еден од најдобрите во светот на таа позиција во последниве години. Сандро, најверојатно, ќе биде одлично вклопен на Олд Трафорд и се согласи за таков потег, но каменот за спрепнување во моментов е во Јувентус, и цената од £ 53 милиони е единствената пречка, според Данкан Колс.
Бразилскиот интернационалец, најверојатно, ќе биде голема надградба на Лук Шо во одбраната, а англискиот интернационалец не успеа да се постави како прв избор на левата страна од одбраната на Јунајтед.
No comments:
Post a Comment