July 30, 2018

АНДЕРСОН ФУДБАЛЕР КОЈ СО РОНАЛДО ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, СЕГА ПОТПИША ЗА ТУРСКИ ВТОРОЛИГАШ

Андерсон своевремено беше дел од една од најдобрите генерации на Манчестер Јунајтед. Бразилецот играше заедно со Кристијано Роналдо, Вејн Руни, Рио Фердинанд, Пол Сколс и многу други големи ѕвезди и освојуваше титули во Премиерлигата, а во 2008 година стигна и до трофејот во Лигата на шампиони.
Беше меѓу омилените фудбалери на Сер Алекс Фергусон, но неговата кариера после Јунајтед не се развиваше многу позитивно.

Тој од денеска е нов фудбалер на турскиот второлигаш Адана Демирспор. Андерсон дојде на „Олд Трафорд“ во 2007 година од Порто за 30 милиони евра и го носеше дресот на Јунајтед седум сезони. Иако има само 30 години, Андерсон не може да ја пронајде својата поранешна форма, па после Јунајтед се врати во родниот Бразил. Играше за Интернационал, а лани беше позајмен во Коритиба. Откако, никој од европските гиганти не беше заинтересиран за неговите услугиж, успеа си договори трансфер во Турција и тоа во Втората лига. 

Андерсон дојде на „Олд Трафорд“ во 2007 година од Порто за 30 милиони евра и го носеше дресот на Јунајтед седум сезони. Иако има само 30 години, Андерсон не може да ја пронајде својата поранешна форма, па после Јунајтед се врати во родниот Бразил. Играше за Интернационал, а лани беше позајмен во Коритиба. Откако, никој од европските гиганти не беше заинтересиран за неговите услугиж, успеа си договори трансфер во Турција и тоа во Втората лига. 

No comments:

Post a Comment