Реал Мадрид има проблем со Матео Ковачиќ. Што се однесува до клубот, тој е важен член на тимот и играч со иднина (тој сеуште има само24 години), но хрватот гледа на целата работа многу поинаку - сака да го напушти Мадрид ова лето.
Ковачиќ беше многу отворен со клубот за неговите намери и отиде во Валдебеба на 20-ти јули - кратко време по прославата на Светскиот куп во Хрватска и пред да го започне својот одмор за да ја разјасни својата позиција. Играчот сакаше да зборува приватно со Лопетеги и исто така да разговара за ова со неговите соиграчи. Тој му кажа на тренерот дека не е задоволен од износот на време за играње и поради тоа барал трансфер на друго место. Што се однесува до неговите соиграчи, тој им рекол дека неговата одлука не е донесена во топлината на моментот, дека тој размислувал за сè и дека е 100% сигурен дека сака да замине.
No comments:
Post a Comment