July 31, 2018

ДАЛИ Е ОВА ЗБОГУМ ОД ВИЛИЈАН?

Бразилецот Вилиjан од Челзи, се чини дека е отсутен од закажените тренинзи на "Сините" за играчите кои се враќаат по празниците по Светското првенство во Русија.
Во статија направена од страна на "Тајмс" во вторникот попладне, се вели дека Вилијан не успеал да се приклучи со своите соиграчи во пред-сезоната на време што доведе до големи сомневања во врска со неговата иднина на Стемфорд Бриџ.
Реал Мадрид, наводно, неодамна имаше голем предлог од 65 милиони фунти за крилото што го одбија лондонските челници, иако самите се дистанцираа од играчот. Бразилецот требаше да се врати во тренинг-кампот во Кобам минатиот петок по продолжениот одмор.
Сепак, тој се уште не се вратил во Лондон од одмор. Додека во извештајот се открива дека тој му кажал на Челзи дека "неговото отсуство се должи поради поврзано прашање со неговиот пасош", останува да се види дали тоа навистина е случај.
Во извештајот не се споменуваат понатамошни детали во врска со враќањето на играчот во клубот. Оваа статија доаѓа со цитатите од играчот од средниот ред во понеделникот, тврдејќи дека е среќен во Челзи.
Говорејќи за Глобо Еспоте, Вилијан рече: "Многу сум среќен во Челзи и многу сум среќен што живеам во Лондон".
Покрај Реал Мадрид и Барселона, Манчестер Јунајтед, исто така, се поврзува со Вилијан во изминатите неколку недели од летниот трансфер прозорец.

No comments:

Post a Comment