Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, призна дека е "изненаден" дека Јувентус плати 105 милиони евра за да го потпише Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
"Ние во Баерн Минхен нема да инвестираме толку многу пари во 33-годишниот", изјави тој за ТЗ. "Маркетингот сигурно одигра голема улога во овој трансфер".
"Договорот е доби најмногу внимание досега, и јас го разбирам ова. Ова е за еден играч кој има освоено се што може да се освои и тоа со Реал во изминатите неколку години. Тој е петкратно избран за најдобар играч во светот, знаеме сите тој е одличен фудбалер, но сепак, бев изненаден што Андреа Ањели конечно одлучи да се бави со бизнис ".
No comments:
Post a Comment