Goal тврдат дека двата клуба се согласиле за трансфер од 22 милиони фунти за Французинот кој не е во корист. Лукас Диње заминува во Евертон, а Барселонавеќе го порврди трансферот на твитер, со што напиша дека Диње заминува од пресезонските подготовки во Барсњлона да се договори со новиот клуб за негов трансфер.
Диње е трансфер цел на новиот шеф Марко Силва кој сака слабата лева страна на одбраната на чело со ветеранот Лејтон Бејнс да ја засили со негово седнивање на клупа, а ветеранот полни 34 подоцна оваа година и се бореше со повреди во последните неколку сезони. Евертон сега е на прагот на завршување на трансферот за Диње, откако самиот одлучи да го напушти кампот Ноу откако се бореше за место со Жорди Алба.
Дефанзивецот играше само осум напревари во Ла Лига и се бореше за редовни минути откако се приклучи на Барса од Париз Сен Жермен во 2016 година - со што има вкупно 46 настапи.
Но, му е дадена дозвола да ја напушти турнејата на Барса во САД и треба да лета во Англија за да помине медицински прегледи и да ги заврши формалностите за неговото префрлување во наредните денови.
No comments:
Post a Comment