Џемс Родригез е среќен во Баерн Минхен и решен да победи "сè" во претстојната сезона, по пропуштањето на Лигата на шампионите и да го освои германскиот куп.
Колумбиецот, кој е на заем на две сезони од Реал Мадрид во Баерн, зборуваше за удобноста што ја има во клубот, разоткривајќи ги гласините што го поврзуваат со предвремено враќање.
Запрашан дали сака долгорочен договор со носителите на Бундеслигата, тој рече: "Клубот што ме третира добро, клубот ми веруваше - јас сум среќен тука и затоа сакам да останам тука", како што беше цитиран од ESPN.
Откако не успеа да освои два големи трофеи, минатата сезона, Родригез зборуваше за одлуките што не беа во нивна полза и како треба да биде се совршено за да се освои Лигата на шампионите.
"Во голем клуб секогаш сакаш да ги освоиш сите титули. Баерн е голем клуб, кој секогаш бара пехари, како Германската лига, [германски] Куп, Лига на шампиони", рече Џејмс.
"Во последната сезона во Купот бевме на самиот финиш да го зграпчиме пехарот, во Лигата на Шампионите [бевме] во полуфиналето, но за наша лоша среќа не ги освоивме, но оваа година сакаме сè да освоиме".
"Минатата сезона немавме среќа," додаде Џејмс, пред да биде запрашан дали судиите играле улога.
"Да, судиите играат огромна улога, но не се сите грешки нивни. Верувам дека кога сакате да победите Лигата на шампионите, морате да направите како што треба, прецизно и без ниедна грешка и нормално среќата да биде на ваша страна. Оној кој прави помалку грешки некогаш го победува и оној што подобро игра."
Џемс во неколку наврати има изјавено дека сака да остани во Баерн Минхен многу години и по се изгледа дека кралскиот клуб ќе извиси.
No comments:
Post a Comment